• недела, 24 ноември 2024

Најмалку 11 жртви во судир на мексикански нарко-картели

Најмалку 11 жртви во судир на мексикански нарко-картели
Мексико Сити, 24 мај 2022 (МИА) – Мексиканската полиција денеска соопшти дека 11 лица, меѓу кои осум жени, биле убиени во судир меѓу два нарко-картели во два ресторани во северозападно Мексико. Полицијата на градот Селаја соопшти дека нападите на два локала на иста улица се случиле во исто време. Десет жртви починале на лице место, додека едно лице подоцна починало во болница. На местото на злосторството биле оставени рачно напишани пораки, кои укажуваат дека нападите биле дел од конфликтот меѓу два картели кои веќе неколку години се борат за превласт во државата Гуанахуато. Локалната полиција потврди дека во баровите биле напишани пораки, но не ја откри нивната содржина. јт/

Остани поврзан