• петок, 30 август 2024

Најмалку 10 патници загинаа, а 11 се повредени при превртување на автобус во Австралија

Најмалку 10 патници загинаа, а 11 се повредени при превртување на автобус во Австралија

Сиднеј, 11 јуни 2023 (МИА) - Најмалку 10 лица загинаа денеска, а 11 се повредени при превртување на автобус во австралиската држава Нов Јужен Велс.

Повредените со хеликоптери и амбулантни возила се пренесени во болница, а 18 патници не се здобиле со повреди.

Несреќата се случила во близина на градот Грета, на околу 180 километри северно од Сиднеј.

Возачот на автобусот (58) под полициска придружба бил пренесен во болница за да му биде извршена задолжително тестирање на дрога и проценка на состојбата. Причината за несреќата се уште не е позната.

Австралискиот портал „Nine News“ наведува дека се верува дека автобусот што ги враќал гостите од свадбата се превртел. сд/

фото: Твитер

Остани поврзан