• недела, 24 ноември 2024

Најмалку шест лица загинаа поради истекување на хемикалии во близина на Атланта

Најмалку шест лица загинаа поради истекување на хемикалии во близина на Атланта
Атланта, 28 јануари 2021 (МИА) - Најмалку шест лица загинаа денеска, додека повеќемина се повредени и пренесени в болница, откако дошло до истекување на течен азот во еден погон за пакување на храна во североисточниот дел на Џорџија, соопштија здравствените власти на таа американска сојузна држава. - Причината за инцидентот се уште не е позната, соопшти полицијата. Пет луѓе загинале на местото на несреќата во фабрика во гратчето Гејнсвил, во близина на Атланта, додека едно лице им подлегнало на повредите в болница. Веднаш биле испратени пожарникарски екипи, кои по пристигнувањето забележале како вработените го напуштаат објектот, а некои од нив имале видливи повреди. Меѓу повредените има и најмалку четворица пожарникари, соопшти локалната пожарникарска служба. Тројца од повредените се наоѓаат во критична состојба и нивниот живот е во опасност. гт/

Остани поврзан