• среда, 25 декември 2024

Најмалку четири лица загинаа во руските напади врз Херсон

Најмалку четири лица загинаа во руските напади врз Херсон

Киев, 24 декември 2023 (МИА) - Најмалку четири лица загинаа, а девет се ранети во синоќешните руски напади врз јужниот украински град Херсон, изјави регионалниот гувернер Олександр Прокудин.

Украинската војска во редовниот дневен извештај објави дека пресретнала 14 од 15-те беспилотни летала испратени од Русија во Украина.

Руската армија спроведува артилериски напади врз Херсон, на југот на земјата, речиси секој ден.

„Во текот на изминатата ноќ руската армија го бомбардираше центарот на градот Херсон“, напиша гувернерот Прокудин на Телеграм.

Тој наведе дека проектилот погодил станбена зграда каде загинале 87-годишен маж и неговата 81-годишна сопруга, а 54-годишен маж имал повреди на главата и нозете.

На друго место во центарот на Херсон, спасувачките тимови пронашле тело на друго лице додека ги расчистувале урнатините.

Во последните 24 часа, во руските напади врз Херсон загинаа најмалку четири лица, а девет беа ранети, меѓу кои и едно дете, наведе Прокудин на Телеграм.

„Руската армија погоди станбени делови во таа област, медицински инсталации, училишен објект и потребната инфраструктура во Херсон“, додаде Прокудин.

Тој не даде повеќе детали за материјалната штета.

Херсон се наоѓа на другата страна на природната линија на фронтот формирана од реката Днепар и е цел на артилериски напади на руската армија речиси секојдневно откако градот беше повторно заземен од украинските сили во ноември 2022 година, по неколкумесечна руска окупација. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан