Најмалку четворица полицајци и тројца вооружени лица загинаа во борби во Кашмир
- Најмалку четворица полицајци и тројца вооружени напаѓачи се убиени во престрелка во делот на Кашмир кој е под контрола на Индија, соопштија денеска официјални лица.

Шринагар, 28 март 2025 (МИА) – Најмалку четворица полицајци и тројца вооружени напаѓачи се убиени во престрелка во делот на Кашмир кој е под контрола на Индија, соопштија денеска официјални лица.
Борбите почнале вчера откако полицијата, заедно со армијата, почнаа операции во регионот Џаму по дојава дека таму се кријат бунтовници кои се борат против индиската влада.
Во жестоките борби во кои бунтовниците употребиле пушки, гранати и ракети, вчера загинаа тројца полицајци и тројца бунтовници, додека најмалку шест полицајци и двајца војници беа повредени, соопшти полицијата.
Регионот Кашмир е поделен меѓу Индија и Пакистан, а двете земји претендираат на територијата во целост.
Вооружени лица во делот на Кашмир под контрола на Индија се борат против владеењето на Њу Делхи од 1989 година, а многу муслимани од Кашмир ја поддржуваат целта на бунтовниците за обединување на територијата, било под пакистанска власт или како независна држава.
Индија тврди дека Кашмир е случај на „тероризам спонзориран од Пакистан“, додека Пакистан ги негира обвинувањата.
Многу жители на Кашмир сметаат дека тоа е легитимна борба за слобода, а во конфликтот досега загинаа десетици илјади цивили, бунтовници и војници. јт/
Фото: МИА архива