• сабота, 16 ноември 2024

Најмалку четворица загинати и 30 ранети во нападот во училиште во САД

Најмалку четворица загинати и 30 ранети во нападот во училиште во САД

Атланта, 4 септември 2024 (МИА) – Најмалку четири лица загинаа, а околу триесет се повредени во денешното пукање во средно училиште во американската држава Џорџија, јави Си-Ен-Ен.

Некои од повредените луѓе во средното училиште Апалачи во Виндер, не настрадале само од пукањето, туку и од повредите здобиени при бегство. Канцеларијата на шерифот на округот Бароу соопшти дека осомничениот е уапсен.

Ситуацијата сега е под контрола, а учениците се пуштени дома, соопшти кабинетот на локалниот шериф.

Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден бил запознаен со инцидентот и оти владата ќе продолжи да се координира со „федералните, сојузните и локалните функционери“. јт/

Фото: Скриншот

Остани поврзан