• вторник, 19 ноември 2024

Најмалку седум загинати во тропската бура што ги погоди Филипините

Најмалку седум загинати во тропската бура што ги погоди Филипините

Манила, 28 мај 2024 (МИА) - Филипинските власти соопштија дека најмалку седум лица загинале како последица на тропската бура Евиниар, која ја погоди земјата за време на викендот.

Евиниар донесе силен ветер и силен дожд, затворајќи ги аеродромите и поморските пристаништа и го прекина снабдувањето со електрична енергија.

Филипинскиот претседател, Фердинанд Маркос Помладиот рече дека невремето погодило речиси 27 илјади луѓе и дека напорите за пребарување и спасување ќе продолжат. Тој извести дека за време на викендот била прекината работата на три воздушни и девет поморски пристаништа.

Евиниар беше првата тропска бура што ги погоди Филипините оваа година. Во оваа југоисточна азиска земја се забележуваат просечно 20 бури годишно, што често резултира со обилни дождови, силни ветрови и смртоносни лизгања на земјиштето. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан