• четврток, 19 декември 2024

Најмалку пет тела на загинати и десетмина преживеани пронајдени во тунели во Газа

Најмалку пет тела на загинати и десетмина преживеани пронајдени во тунели во Газа
Газа, 21 мај 2021 (МИА) - Најмалку пет тела на загинати и десетмина преживеани беа пронајдени во Појасот Газа во подземните тунели бомбардирани од израелската армија за време на операцијата против палестинските вооружени групи, соопштија денеска локалните власти.
Полицијата во Газа потврди дека потрагата по преживеани во урнатините продолжува.
Примирјето меѓу Израел и палестински Хамас во појасот Газа стапи во сила рано утрово во два часот по локално време. Со тоа заврши 11-дневниот вооружен судир во кој беа убиени повеќе од 240 лица, од кои повеќето во Газа.
Од почетокот на конфликтот на 10 мај, 243 Палестинци се убиени, од кои 66 деца, а 1.910 се повредени во израелските напади на Појасот Газа, соопштија здравствените власти во енклавата. Ракетите истрелани од екстремистите во Газа однесоа 12 животи во Израел, вклучувајќи две деца и еден израелски војник, а 355 лица се ранети. паг/

Остани поврзан