• вторник, 24 декември 2024

Најмалку пет лица загинаа при уривање на рудник за злато во Кенија

Најмалку пет лица загинаа при уривање на рудник за злато во Кенија

Најроби, 17 јули 2024 (МИА) - Најмалку пет лица загинаа, а неколку се повредени при уривање на нелегален рудник за злато во северна Кенија.

Властите го затворија рудникот за злато Хило во близина на границата со Етиопија во март, откако неколку луѓе беа убиени во судирите меѓу локалните заедници поради пристапот до областа, но рударите продолжија да ископуваат на локацијата.

Околу 1.000 луѓе ги совладаа безбедносните сили и упаднаа во областа во понеделникот вечерта, рече заменик-окружниот комесар на Марсабит, Дејвид Саруни.

„Го ископуваа тоа напуштено место што се урна. Пронајдени се пет тела“, изјави Шаруни.

Петмина рудари загинаа под слични околности во мај. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан