• четврток, 26 декември 2024

Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина

Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина

Пекинг, 28 април 2024 (МИА) - Пет лица загинаа вчера во торнадо во јужната кинеска метропола Гуангжу, јави ДПА.Новинската агенција Синхуа денеска јави дека 33 лица се повредени во невремето.

Според официјалните податоци, торнадото предизвикало штета на 141 производствени капацитети, но ниту една станбена зграда не е урната.

Според Синхуа, работата на спасувачите сега е главно завршена. За време на торнадото, метеоролошката станица во областа Баијун во Гуангжу забележа брзина на ветер од над 20 метри во секунда.

Пред само една недела, Гуангжу и околната провинција Гуангдонг беа погодени од пороен дожд, при што загинаа најмалку четири лица, а повеќе од 100.000 жители беа евакуирани.

Гуангжу има население од над 18 милиони луѓе. Главниот град на провинцијата Гуангдонг е еден од најважните економски центри во Кина. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан