• среда, 27 ноември 2024

Најмалку пет жртви по монсунските дождови кои го поплавија најголемиот град во Пакистан

Најмалку пет жртви по монсунските дождови кои го поплавија најголемиот град во Пакистан
Исламабад, 27 јули 2020 (МИА) – Најмалку пет лица загинаа во обилни монсунски дождови кои викендов ги поплавија улиците на 15-милионскиот Карачи, најнаселениот град во Пакистан. - Најмалку пет лица загинаа во различни делови на градот Карачи, соопшти Мохамед Шафи, портпарол на провинцискиот орган за управување со катастрофи. Oд почетокот на сезоната на монсунските дождови загинале уште 12 лица, додаде тој. Пакистанската служба за управување со катастрофи за оваа сезона на монсуни предвидува 20 проценти повеќе дожд од вообичаено и ги повика локалните власти да преземат мерки за претпазливост. јт/

Остани поврзан