Најмалку петмина загинати во вооружен инциент во Индианаполис
- Пет лица загинаа, меѓу кои и 19-годишна бремена жена во пукотница во северниот дел на Индианаполис. При нападот е повредени едно малолетно лице, кое е во критична состојба
Вашингтон, 25 јануари 2021 (МИА) - Пет лица загинаа, меѓу кои и 19-годишна бремена жена во пукотница во северниот дел на Индианаполис. При нападот е повредени едно малолетно лице, кое е во критична состојба.
Иако истрагата е во почетна фаза, американската полиција претпоставува дека нападот бил планиран, а бил изведен од повеќе напаѓачи.
- Ова што уутрово се случи не е обично насилство... Ова е масовно убиство, изјави градоначалникот на Индијанаполис, Џо Хогсет. ми/