• петок, 27 декември 2024

Најмалку осуммина загинати и 136 повредени при експлозијата во верско училиште во Пакистан

Најмалку осуммина загинати и 136 повредени при експлозијата во верско училиште во Пакистан
Исламабад, 27 октомври 2020 (МИА) - Најмалку осум ученици загинаа, а 136 се повредени при експлозијата на бомба што се случи денеска во исламско верско училиште во Пешавар, северозападен Пакистан. Полицијата соопшти дека првичните истраги покажуваат дека бомбата експлодирала неколку минути откако торбата била оставена. Неколку студенти се во критична состојба. Постојат стравувања дека бројот на жртвите може да се зголеми. Според властите, меѓу повредените има и наставници и вработени во медресата (Исламска теолошка семинарија). - Нападот се случил додека истакнат религиозен научник држел предавања за исламот во главната сала на џамијата Зубаирија, изјави полицаецот Вакар Азим. Според него, првичните истраги покажуваат дека бомбата експлодирала неколку минути откако е оставена торбата во медресата. Полицијата соопшти дека во нападот биле користени најмалку пет килограми експлозив. Според официјалните информации, меѓу повредените има и авганистански студенти кои студираат на семинаријата. Пакистанскиот премиер Имран Хан го осуди терористичкиот акт и ги повика властите да обезбедат најдобра можна медицинска помош за настраданите. - Сакам да ја уверам својата нација дека терористите одговорни за ова ќе ги изведеме пред лицето на правдата, рече тој. Нападот беше осуден од опозициската партија во земјата, која одржува митинзи за да ја принуди владата на Кан да се повлече. Досега никој не презеде одговорност за нападот во Пешавар, главниот град во пакистанската провинција Кибер Пахтунхва, која се граничи со Авганистан. Во последниве години, покраината беше цел на слични напади. Нападот се случи неколку дена откако пакистанските разузнавачи предупредија дека милитантите можат да напаѓаат јавни места и клучни згради, како што се семинари и џамии во Пакистан, вклучувајќи го и Пешавар. Пакистанските талибанци напаѓаат јавни места, училишта, џамии и воени згради низ целата земја од 2001 година, кога исламската нација се приклучи на војната против тероризмот предводена од САД по нападите на 11 септември. Мохамад Хурасани, портпарол на пакистанските талибанци, тогаш го осуди нападот. Во изјавата, тој го опиша нападот како кукавички чин, велејќи дека зад него стојат државните институции. Оттогаш, бунтовниците и објавија војна на пакистанската влада и извршија бројни напади, вклучително и брутален напад врз армиско училиште во градот Пешавар во 2014 година, при што беа убиени 140 деца и неколку наставници. паг/    

Остани поврзан