• недела, 17 ноември 2024

Најмалку едно лице загина во пад на американски воен авион во Јапонија

Најмалку едно лице загина во пад на американски воен авион во Јапонија

Токио, 29 ноември 2023 (МИА) – Најмалку едно лице загина во пад на американски воен авион во близина на островот Јакушима во југозападна Јапонија, соопшти јапонската крајбрежна стража.

Јапонската медиумска компанија „NHK“ соопшти дека американскиот хибриден авион „CV-22 Osprey“ се обидувал да слета на аеродромот во Јакушима додека еден од моторите му бил во пламен.

Американската војска не ги коментираше медиумските извештаи.

Авионот летал од воздухопловната база Ивакуни во префектурата Јамагучи до воздухопловната база Кадена во Окинава.

Претходно беше објавено дека во авионот имало осум лица во моментот на несреќата, но крајбрежната стража подоцна таа бројка ја намали на шест. јт/

Фото: Интернет

Остани поврзан