• среда, 18 декември 2024

Најмалку една жртва во уривање на куќа во историскиот центар на Хавана

Најмалку една жртва во уривање на куќа во историскиот центар на Хавана

Хавана, 4 октомври 2023 (МИА) – Најмалку едно лице загина во делумно уривање на станбена зграда во познатиот стар град на Хавана, додека други две лица останаа заробени под урнатините, соопшти денеска кубанската влада.

Првично не беше познато зошто очигледно трошната куќа делумно се урна во текот на ноќта, но врнеше силен дожд, пренесе ДПА. Локалните власти соопштија дека во трикатната зграда живееле 13 семејства со вкупно 54 лица.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел изјави дека лицето кое загинало во падот бил спасувач.

Многу куќи и други делови од инфраструктурата на Куба се во лоша состојба бидејќи не се одржуваат со децении или само на импровизиран начин. Еден маж почина минатиот четврток кога се урна таванот на стан во центарот на Хавана, главниот град на социјалистичката карипска земја. јт/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан