• сабота, 27 јули 2024

Најлош старт на Арсенал во Англија од 1954 година

Најлош старт на Арсенал во Англија од 1954 година
Манчестер, 28 август 2021 (МИА) - Актуелниот англиски шампион Манчестер сити го декласираше попладнево Арсенал со 5-0 (3-0) во рамки на првиот натпревар од 3. коло во Премиер лигата. Стрелци за Сити беа Гундоган (7 минута), Торес (12, 84), Жезус (43) и Родри (53). Арсенал, кој дербито во Манчестерго играше 55 минути со фудбалер помалку поради исклучувањето на Џака, го претрпе третиот пораз во новата сезона што за лондонскиот премиерлигаш е најлош старт од 1954 година. Арсенал е последно пласиран на табелата со гол-разлика 0-9. ег/ми/

Остани поврзан