• среда, 25 декември 2024

„Најк“ ја раскина соработката со московски Спартак

„Најк“ ја раскина соработката со московски Спартак
Москва, 13 мај 2022 (МИА) – Производителот на спортска опрема „Најк“ соопшти денеска дека го раскинал спонзорскиот договор со рускиот фудбалски прволигаш Спартак од Москва, бидејќи клубот нема да учествува во европските натпреварувања следната сезона. УЕФА неодамна донесе одлука на руските клубови да им забрани настап во европските клупски и репрезентативни натпреварувања во претстојната сезона 2022/23, поради инвазијата на Русија врз Украина. Спартак, кој беше спонзориран од „Најк“ од 2004 година, објави синоќа дека бара нов спонзор за спортска опрема, откако добиле известување од „Најк“ дека ја прекинува соработката. Натпреварот од осминафиналето во Лига Европа меѓу Спартак и Лајпциг не се одигра во февруари, откако УЕФА ги суспендираше руските клубови. ег/ссм/

Остани поврзан