• среда, 25 декември 2024

„Најки“ поведе тужба против раперот Лил Нас Екс и неговите сатанистички патики

„Најки“ поведе тужба против раперот Лил Нас Екс и неговите сатанистички патики
Лос Анџелес, 30 март 2021 (МИА) - Компанијата „Најки“ одлучи да го тужи уметничкиот колектив „МСЦХФ“, поради нивните „сатански обувки“ („Satan Shoes), коишто содржат човечка крв. Патиките се производ на соработката меѓу „МСЦХФ“ и раперот Лил Нас Екс. Сите 666 пара се распродадени вчера. Контроверзните обувки го содржат знакот на „Најки“, но и крст свртен наопаку, сатанистичка ѕвезда и капка човечка крв, а еден чифт чини 1.018 долари. Патиките се засноваат на моделот „Ер макс 97“ на „Најки“, но на нив има и натпис „Лука 10:18“, што се однесува на Евангелието по Лука и стихот „Видов како Сатаната паѓа од небото како молња“ . „Најки“ првично се дистанцираше од овој модел, но потоа реши да поднесе тужба за повреда на трговскиот бренд. Патиките беа претставени заедно со нова песна од Лил Нас Екс, насловена „Montero (Call Me By Your Name)“. На видеото раперот се спушта на столб од рајот во пеколот.  си/

Остани поврзан