• недела, 01 септември 2024

Најдовски: Успешна година и со крупни проекти во Општина Демир Хисар

Најдовски: Успешна година и со крупни проекти во Општина Демир Хисар

Демир Хисар, 29 декември 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски приреди јавен отчет за досегашната работа и реализираните проекти, проектите во тек и планираните проекти во општината.

Според Најдовски, досега сработеното, имплементацијата на крупни проекти, спроведените активности и креирање на локални политики е според потребите и приоритетите на граѓаните.

- Ве уверувам дека во наредните години, со несмалено темпо и интензитет ќе продолжиме да работиме и создаваме подобра иднина на сите. Ќе продолжиме и помагаме секаде каде што можеме, ќе продолжиме да инвестираме во нов и урбан Демир Хисар, за подобри услови во останатите општински населени места – чесно, транспарентно и отчетно да работиме во интерес на реалните потреби на нашите сограѓани, посочи Најдовски.

Градоначалникот Никола Најдовски јавно се заблагодари на Советот на Општина Демир Хисар и општинската администрација за изработката на проектите кои се отпечатени и во посебна публикација. мт/сст/

Фото: МИА

Остани поврзан