• четврток, 26 декември 2024

Најдобро сочуваниот скелет на диносаурус продаден за 2,4 милиони долари

Најдобро сочуваниот скелет на диносаурус продаден за 2,4 милиони долари
Њујорк, 13 мај 2022 (МИА) - Скелетот на диносаурус дејнонихус наречен „Хектор“, е продаден на наддавање во аукциската куќа „Кристи“ во САД вчера за 12,4 милиони долари. Според нивната интернет-страница, коските на Хектор се подобро сочувани од која било друга единка од овој вид пронајдена досега. Според наводите, ова е единствениот скелет на „дејнонихус“, којшто отсега ќе биде во приватна сопственост. Називот на овој диносаурус му е даден поради неговите големи канџи, од страна на палеонтологот Џон Остром во 1969 година. Дејнонихусите живееле во подрачјето на Северна Америка пред околу 115 милиони години. Тие биле грабливци, а нивната способност да стојат на две нозе ги направила пофлексибилни при ловот. Се смета дека овој вид, во еволутивна смисла, е поблизок до денешните птици отколку до влекачите. Скелетот на Хектор е пронајден и ископуван од 2012 до 2014 година во американската сојузна држава Монтана. Според податоците на „Кристи“, дејнонихусот бил висок над три метри. си/ми/

Остани поврзан