• четврток, 26 декември 2024

Најдобри градови за работа од дома за 2021 година

Најдобри градови за работа од дома за 2021 година
Солун, 8 јануари 2021 (МИА) - Сѐ повеќе луѓе кои работат од дома поради пандемијата на Ковид-19, естонската престолнина Талин е најдобриот град во светот за работа од дома, според рангирањето на „Биг 7 травел“ (Big 7 Travel). Рангирањето на „Биг 7 травел“ е според различни фактори - прифатливи трошоци за живот, брзо ви-фи и удобни паркови и ресторани. Естонија изминативе години дозволи работа од дома во земјата и до една година. А, што е уште поважно, дигиталната економија таму е во пораст. Всушност, 99 отсто од јавните услуги се 24/7 достапни на интернет, а трошоците за живот се релативно ниски. На пример, стан под наем во центарот на главниот град чини околу 500 американски долари. Тбилиси, главниот град на Грузија, е на второто место. Во жариштето на пандемијата, земјата дозволи работа од дома за да се овозможи непречена и непрекината работа. Третото место му припаѓа на Белград, Србија, поради многуте кафеани, галерии, продавници и непрекинатиот интернет од 24 мегабајти во секунда. Следуваат Бали (Индонезија), Чијанг Маи (Тајланд), Берлин (Германија), Сингапур, Буенос Аирес (Аргентина), Ханој (Виетнам) и Љубљана (Словенија). На 13-то место е турскиот град Истанбул, еден од културно најбогатите градови во Европа, со вековна историја и, според многумина, со најдобра храна на континентот. Вториот по големина град во Грција, Солун е рангиран на 16-то место на списоков. Тој е опишан како древен, живописен град во срцето на Средоземјето... Добра храна, љубезни околни жители и прекрасна природна околина. Има и сигурна интернет-брзина од 15 мегабајти во секунда, високо ниво на безбедност и ниски трошоци за живот. Натаму, Солун има и „огромен број шармантни кафулиња, совршени за попладневна работа“, се наведува во описот. Други европски градови сместени во Топ 50 листата се Порто во Португалија - на 31. место, Мадрид, Шпанија - 32-ри, Будимпешта, Унгарија - 38-ма, Цирих, Швајцарија - 44-ти, повторно Португалија, со Лисабон - 46-ти, Прага, Чешка - 47-та и Лас Палмас, на Канарските острови, Шпанија - 48-ми на листата. си/ми/

Остани поврзан