• недела, 29 декември 2024

Најдобриот спортист на Балканот ќе биде прогласен во јануари

Најдобриот спортист на Балканот ќе биде прогласен во јануари

Скопје, 28 декемвр 2024 (МИА) - Бугарската агенција - БТА ја објави листата на ТОП-10 спортисти на Балканот од традиционалниот избор на најдобрите. На листата има претставници од Србија, Грција, Хрватска, Романија, Турција и Бугарија.

ТОП-10 спортисти на Балканот по азбучен ред се:

Апостолос Христу (Грција) - пливање
Барбара Матиќ (Хрватска) - џудо
Давид Поповиќ (Романија) - пливање
Душан Мандиќ (Србија) - ватерполо
Јусуф Дикеч (Турција) - стрелаштво
Карлос Насар (Бугарија) - кревање на тегови
Костас Слукас (Грција) - кошарка
Милтиандис Тентоглу (Грција) - атлетика
Никола Јокиќ (Србија) - кошарка
Новак Ѓоковиќ (Србија) - тенис

Најдобриот спортист на Балканот и резултатите од анкетата ќе бидат објавени на церемонија во јануари.

Во традиционалното гласање во кое учествува и Медиумската информативна агенција (МИА) учествуваат и националните агенции на земјите од регионот - БТА (Бугарија), АНА-МПА (Грција), АДЖЕРПРЕС (Романија), Анадолска Агенција (Турција), ТАНЈУГ (Србија), МИНА (Црна Гора), ХИНА (Хрватска), ФЕНА (Босна и Херцеговина), КНА (Кипар) и АТА (Албанија). ар/ев/

Фото:МИА архива 

Остани поврзан