• понеделник, 02 септември 2024

Најголем број слободни работни места во услужни дејности и продажба

Најголем број слободни работни места во услужни дејности и продажба
Скопје, 1 јуни 2021 (МИА) - Во првото тримесечје од 2021 година стапката на слободни работни места изнесува 1,58 проценти. Најголем број слободни работни места - 2.103 има во петтата група занимања – работници во услужни дејности и продажба. Според податоците на Државниот завод за статистика, највисока стапка на слободни работни места од 4,98 проценти има секторот градежништво, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 0,15 проценти. Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,39 отсто. Скопскиот регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1,80 проценти. мд/ац/

Остани поврзан