• среда, 25 декември 2024

Најголемиот фотоапарат во светот речиси подготвен за употреба

Најголемиот фотоапарат во светот речиси подготвен за употреба
Стенфорд, 18 октомври 2022 (МИА) - Техничарите на американската Линеарна акцелераторска лабораторија „Стенфорд“ - СЛАЦ, во Калифорнија, ја привршуваат работата на најголемиот астрономски дигитален фотоапарат во светот, којшто ќе биде пренесен во Чиле. Овој проект почна пред неколку години. „ЛССТ-камерата“ е скоро составена, така што и посетители имаа можност да ја видат и да погледнат низ нејзините сочива. СЛАЦ беше домаќин на 21 гостин од 14 различни медиумски организации коишто се занимаваа со различни интереси. Главна задача на новиот фотоапарат ќе биде астрономско синоптичко истражување на „наследството на просторот и времето“ („Legacy Survey of Space and Time“ - ЛССТ). Тимот научници неодамна го тестираше системот за промена на блендата и филтерот на камерата и штотуку се инсталирани две динамични компоненти. Камерата од 3.200 мегапиксели ќе прави фотографии за 10-годишното истражување на Опсерваторијата „Рубин“, којашто се наоѓа на Андите во Чиле. Се работи за дигитален фотоапарат со 189 сензори кои можат да „ја уловат“ светлината што доаѓа од ѕвездите и другите небесни тела и да ја претворат во електрични сигнали, кои потоа се претвораат во дигитални фотографии. Најголемата леќа на камерата има вкупно 3,2 гигапиксели и дијаметар од 1,57 метри - и е најголемата леќа некогаш направена. Менаџерот на проектот „ЛССТ“, Винсент Рајот појасни дека сензорите се екстремно скапи за производство, а лесно може да се оштетат поради неусогласеност. Опсерваторијата каде што апаратот ќе биде поставен се наоѓа на врвот на 2.682-метарската планина Серо Пачон во северен Чиле.  си/

Остани поврзан