• сабота, 23 ноември 2024

Најголемиот бел дијамант продаден за 17,8 милиони евра - помалку од очекуваното

Најголемиот бел дијамант продаден за 17,8 милиони евра - помалку од очекуваното
Женева, 12 мај 2022 (МИА) - „Каменот“ (The Rock), најголемиот бел дијамант понуден на наддавања, продаден е за 17,8 милиони евра - помалку од очекуваното и далеку под рекордот во својата категорија.
- Скапоцениот камен од 228,31 карати, поголем од голф-топче, е навистина посебен дијамант во облик на круша, изјави Макс Фосет, раководител на одделот за накит во аукциската куќа „Кристи“ во Женева, Швајцарија. Тој беше ставен на продажба од неименуван сопственик од Северна Америка и се очекуваше да биде продаден за 19 до 28 милиони евра. Рекордот на „Кристи“ за сличен бел дијамант е 32,3 милиони евра - за скапоцен камен од 163,41 карати, во 2017 година. „Каменот“ е изваден од рудник во Јужна Африка на почетокот на ова илјадалетие, а периодов беше прикажан во Дубаи, Тајпеј и Њујорк пред да се изложи во Женева. На аукцијата имаше и светло жолт дијамант пронајден 1901 година, што се поврзува со Црвениот крст, којшто и ќе добие дел од приходот од продажбата. Продаден е за 13,77 милиони евра. Тој скапоцен камен првпат бил ставен на продажба на 10 април 1918 година во аукциската куќа на „Кристи“ во Лондон.  си/сд/

Остани поврзан