• среда, 27 ноември 2024

Највисокото живо куче во светот има 104,6 сантиметри

Највисокото живо куче во светот има 104,6 сантиметри
Далас, 10 мај 2022 (МИА) - Германската дога (Great Dane) Зевс е највисокото живо куче во светот. Станува збор за двегодишен пес кој се чува во Бедфорд, Тексас, САД, а е висок метар и 46 милиметри. Неговата висина е веќе Гинисов рекорд, официјално од 22 март. Зевс јаде 12 чинии храна за кучиња дневно, а неговата сопственичка Британи Дејвис изјави дека отсекогаш сонувала да има вакво куче. Нејзиниот сон го исполнил нејзиниот брат кој ѝ го подарил Зевс кога кучето имало само осум недели. - Тој беше големо куче и кога го добив. Дури и за едно „мало кученце“ имаше големи шепи, рече Британи. Покрај стандардната храна за кучиња, Зевс понекогаш јаде и пржени јајца, а омилени му се коцките мраз. Тој веќе се прослави во својот град... Претходниот рекорд за највисоко куче, исто така беше германска дога - Фреди, кој почина минатата година. Имаше осум години и беше висок 103,4 см. Највисокото куче на сите времиња беше исто така наречено Зевс - германска дога висока 111,8 см.  си/сд/

Остани поврзан