• среда, 25 декември 2024

Највисокиот врв на Пирин планина го искачија 14 планинари од ПК Љуботен-Тетово

Највисокиот врв на Пирин планина го искачија 14 планинари од ПК Љуботен-Тетово

Тетово, 23 октомври 2022 (МИА) - Група од 14 члена на планинарскиот клуб Љуботен од Тетово го искачи Вихрен на 2914 метри надморска височина, највисокиот врв на Пирин планина во Бугарија. Вихрен е втор по височина врв во Бугарија, а трет најависок на Балканот, после Мусала (планина Рила, Бугарија) и Митикас (Олимп, Грција).

-Ова искачување е дел од нашата програма за искачување на врвови во странство. Претставуваше 12 часовен подвиг, захтевна и тешка тура затоа што се движевме по гребени обезбедени со сајли и ланци. За искачување на Вихрен одат само мошне искусни планинари. Целата организација беше на колегата Владимир Златковски, информираше Надир Мурсели, кој пак беше еден од водичите на оваа планинарска тура.

Претходно на 13 септември пет члена група на планинари од планинарскиот клуб Љуботен од Тетово се искачи на Митикас, највисокиот врв на планината Олимп и во цела Грција.  Врвот Митикас е на 2917 метри надморска височина. ас/нд/

Остани поврзан