• четврток, 26 декември 2024

Најбогатите руски бизнисмени од почетокот на годината заработиле 26,2 милијарди долари

Најбогатите руски бизнисмени од почетокот на годината заработиле 26,2 милијарди долари

Москва, 1 август 2024 (МИА) - Најбогатите руски бизнисмени од почетокот на годината заработиле вкупно 26,2 милијарди долари, покажува актуелниот индекс на милијардери на Блумберг.

Најголем пораст на богатството од јануари до август забележал поранешниот сопственик на компанијата „Еурохем“ Андреј Мељниченко, бидејќи вредноста на неговиот имот се зголемила за 6,37 милијарди долари на 25,2 милијарди долари.

Мељниченко е само шестиот најбогат Русин на листата, а најголемиот имот е во сопственост на еден од главните сопственици на Норникел Владимир Потањин. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан