• среда, 25 декември 2024

Најбогатите луѓе за еден ден загубија над 120 милијарди евра поради коронавирусот

Најбогатите луѓе за еден ден загубија над 120 милијарди евра поради коронавирусот
Њујорк, 25 февруари 2020 (МИА) - Петстотини најбогати луѓе на светот загубија за еден ден вкупно 139 милијарди долари (повеќе од 120 милијарди евра), а берзите се „блокираа“ по стравувањето дека ширењето на коронавирусот ќе ја загрози глобалната економија, пишува Блумберг. Тоа е најголема загуба за најмоќните жители на планетава, според листата на најбогати на Блумберг уште од октомври 2016 година, кога првпат е спроведено такво истражување. Бернар Арно, третиот најбогат човек на светот и генерален директор на производителот на луксузна стока LMVH, загубил 4,8 милијарди долари, а истата сума ја загубил и директорот на Амазон, Џеф Безос. Сопственикот на Зара, Амансио Ортега остана без четири милијарди, а основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг без 3,48 милијарди долари. Кина, која е епицентар на коронавирусот, сочинува 40 отсто од светскиот пазар на луксузна стока. гт/

Остани поврзан