• сабота, 16 ноември 2024

Најактивниот вулкан на Исланд е под надзор поради можна ерупција

Најактивниот вулкан на Исланд е под надзор поради можна ерупција

Рејкјавик, 11 јануари 2024 (МИА) – Моментално најактивниот вулкан на Исланд, Гримсвотн, од денеска е под надзор на властите поради природниот феномен на голема глацијална поплава, што е можен вовед во ерупцијата на вулканот.

Падот на притисокот на вулканот предизвикан од протокот на огромни количества вода може да предизвика ерупција, како што беше случај во 1922, 1934 и 2004 година.

Но, глацијалните поплави можат да се случат и без да дојде до ерупција, слично на ноември 2021 година и октомври 2022 година.

Сместен под глечерот Ватнајокул, најголемиот во Европа, во недостапен дел на централен Исланд, вулканот Гримсвотн последен пат еруптираше во 2011 година.

Во последните месеци, сеизмичката активност на Гримсвотн е над нормалата, се вели во соопштението на организацијата одговорна за следење на вулканот. јт/

Фото: ЕПА фотографија од ерупцијата на Гримсвотн во 2011

Остани поврзан