• среда, 25 декември 2024

Најавен прекин на авиолинијата Скопје-Женева од 1 ноември

Најавен прекин на авиолинијата Скопје-Женева од 1 ноември

Скопје, 11 јуни 2024 (МИА) - Нискобуџетната компанија ИзиЏет (easyJet) планира да ги прекине операциите меѓу Женева и Скопје од почетокот на зимската сезона 2024/25, со што ќе заврши тригодишната континуирана услуга на македонскиот главен град, пишува „Екс ЈУ авиејшн“.

Авиокомпанијата, како што стои во објавата, го закажала својот последен лет меѓу двата града за 1 ноември, а продажбата на билетите е прекината.

ИзиЏет влезе на македонскиот пазар во ноември 2021 година и е единствениот оператор меѓу Женева и Скопје. Релацијата Скопје-Женева во тековната летна сезина ја опслужува двапати неделно, а претходниот летен период имаше по четири лета.лв/са/

фото:МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан