• вторник, 19 ноември 2024

Најавено новото издание на „Струмица опен фестивал“, почнува на 22 јули

Најавено новото издание на „Струмица опен фестивал“, почнува на 22 јули

Струмица, 18 јули 2024 (МИА) - Годинашното 13-то издание на „Струмица опен фестивал“ почнува на 22 овој месец и ќе трае до 20 август, а почетокот ќе биде означен со настап на КУД „Фолклорна низа“ во рамки на програмата „Ритамот на традицијата“.

Ова беше соопштено на денешната прес - конференција на градоначалникот Костадин Костадинов со организаторите на Фестивалот, а беше презентирана и програмата, која годинава ќе се одвива под мотото „Културни бранови на радост“.

-Се надеваме дека ќе ги погодиме вкусовите на сите струмичани, но сакам да потенцирам дека вратите на Струмица се отворени за сите граѓани на Република Македонија и очекуваме дека и оваа како и секоја година, ќе имаме огромен број на граѓани кои ќе бидат дел од сите настани на „Струмица опен фестивал“. Тоа што мене посебно ме радува е отвореноста на младите струмичани да бидат активни учесници во фестивалот и на тој начин придонесуваат за одржување и континуитет на локалниот бренд „Струмица
опен фестивал, рече струмичкиот градоначалник.

Деталната програма ја образложи Томи Печков од „Струмица опен фестивал“, кој истакна дека содржините се од различен карактер од облaста на музиката, културата, литературата, спортот и рекреацијата, а концертните денови е планирано да се одржат во вториот дел од Фестивалот од 13 до 20 август.

Фестивалот финансиски е поддржан од Општина Струмица со три милиони денари. рт/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан