• четврток, 26 декември 2024

Најавеното миење на булеварот „Благоја Тоска“ реализирано делумно, граѓаните бараат чисти улици насекаде

Најавеното миење на булеварот „Благоја Тоска“ реализирано делумно, граѓаните бараат чисти улици насекаде

Тетово, 5 февруари 2024 (МИА) - Општина Тетово викендов најави дека ќе се прави миење на коловозната лента на булеварот „Благоја Тоска“, но тоа беше направено само на дел од оваа сообраќајница.

Од денешната обиколка на булеварот на потегот од пазарот до касарната се гледа сè уште има отпадоци, песок и прашина.

Во неделата, Општина Тетово информираше дека екипи на пожарната и ЈКП „Тетово“ го измиле и исчистиле коловозот на булевар „Благоја Тоска“.

Според објавените фотографии, тоа е направено на новото продолжение на булеварот, од мостот кај болницата до текстилното училиште.

- Ова е почеток, оваа акција ќе продолжи и на други улици и во села на општина Тетово, за едно почисто Тетово, порачаа од Општина Тетово.

Но, на нивната објава на социјалната мрежа Фејсбук реагираат граѓаните и бараат тоа да биде направено на целиот булевар, како и на другите делови од градот. ас/мд/

фото: МИА 

 

Остани поврзан