• петок, 27 декември 2024

Најавена книга со 1.000 писма меѓу Фројд и внуката на Наполеон

Најавена книга со 1.000 писма меѓу Фројд и внуката на Наполеон

Париз, 11 јули 2022 (МИА) - Необјавена преписка на познатиот австриски психолог Зигмунд Фројд, со повеќе од илјада писма разменети со Мари Бонапарта, ќе биде објавена во октомври, објави француската издавачка куќа „Фламарион“ (Flammarion).

Правнуката на брат на францускиот државник Наполеон, Лусијен Бонапарта - Мари (1882-1962), инаку била и сопруга на грчки принц, а во 20-тите била живо заинтересирана за психоанализата. Така, таа го контактирала Фројд во 1925 година, кој се согласил да ја прифати како пациентка, но и ученичка, во Виена. Таа во неколку наврати била во неговиот кабинет, а размениле и над 1.000 писма до смртта на Фројд во 1939 година. „Досега необјавена, чувана во Конгресната библиотека во Вашингтон (САД), преписката, жива и изобилна, дава клучни податоци за воведувањето на психоанализата во Франција, којашто ја иницирала Мари Бонапарта. ...Писмата го откриваат и односот што Фројд го имал со Бонапарта“, соопшти „Фламарион“. Според издавачката куќа, нивната врска брзо се развила, така што ученичката станала и негова многу доверлива пријателка. Книгата од 1.200 страници треба да излезе на 19 октомври - со забелешки на историчарот по психологија Реми Амуро.  си/

Остани поврзан