• среда, 25 декември 2024

Втор симпозиум на Друштвото на медицински сестри - инструментарки

Втор симпозиум на Друштвото на медицински сестри - инструментарки

Скопје, 29 ноември 2024 (МИА) - Во Скопје денеска ќе биде отворен вториот симпозиум на Друштвото на медицински сестри-инструментарки при ЗМСТАС „ЗА НАС“ на тема „Тимската работа на инструментарките во кадаверичната трансплатација“.

Симпозиумот ќе се одржи во кино салата во ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ во Скопје, а како што е најавено, покрај деветте стручни предавања свој говор меѓу другото ќе имаат и министерот за здравство Арбен Таравари, заменик министер за здравство Јовица Андовски, како и национален координатор за трансплантација, Билјана Кузмановска.

Во текот на симпозиумот ќе биде промовирано и името на хуманитарното друштво при ЗМСТАС „ЗА НАС“ во чест на починатата медицинска сестра која беше донор на органи, подигнувајќи ја свеста за органодарителството. бт/ев/

Фото: плакат

Остани поврзан