• четврток, 26 декември 2024

Јавна дебата за законски измени за урбано зеленило и урбанистичко планирање

Јавна дебата за законски измени за урбано зеленило и урбанистичко планирање

Скопје, 6 јули 2023 (МИА) - Во организација на Зелен институт, денеска во салата на Советот на Град Скопје ќе се одржи јавна дебата за законски измени за урбано зеленило и урбанистичко планирање.

На дебатата се поканети градоначалничката на Градот Скопје, претседателот и членовите на Советот на Градот Скопје, претставници на градските служби и на ЈП „Паркови и зеленило“, општините во Градот Скопје, комисиите за урбанистичко планирање формирани од општините и Градот Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски, граѓанските здруженија: Зелен хуман град, О2 Иницијатива, Здравје пред профит, Зелените од Гази Баба, За спас на Влае, За расадник на можности, Пржино, Во одбрана на Буњаковец и др., Комората на овластени инженери и архитекти, Асоцијацијата на архитекти, изработувачи на убанистички планови и други засегнати страни и граѓани.

Дебата е дел од проектот „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“ што се спроведува во соработка со Градот Скопје и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, во партнерство со граѓанските организации Флорозон и Македонско женско лоби. Целта на проектот е да се подобри состојбата со зеленилото во градот преку законски измени и други интервенции, а со тоа и да се спречи појавата на топлински острови, да се намали загадувањето со стакленички гасови и да се подобри квалитетот на живот во Градот Скопје. Сите засегнати страни ќе учествуваат во законските реформи со цел заштита на зеленилото и климата. Експертски тимови од сферата на урбанизмот, шумарството и правото ги анализираа и истражуваа меѓусебната ускладеност и функционалност на законите за урбано зеленило, урбанистичко планирање и градење, како и соодветните правилници,  урбанистичките планови со чии  пропусти му се наштетило на зеленилото, состојбата со недовршениот и заборавен зелен катастар и согледувањата на жените и мажите за нивната потреба од јавно зеленило, достапноста на зеленилото до домовите и влијание врз нивното физичко и ментално здравје. мч/нд/

фото: Зелен институт

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан