• среда, 25 декември 2024

Четврто Собрание на Алијансата на Албанците

Четврто Собрание на Алијансата на Албанците

Скопје, 6 јули 2024 (МИА) - Алијансата на Албанците предводена од Зиадин Села денеска ќе го одржи четвртото Собрание. 

Пред почетокот и по завршувањето на Собранието, најавена е изјава претседателот на партијата Села. 

Алијансата на Албанците пред изборите се подели. Дел од членството предводено од Села на изборите учествуваше со коалицијата предводена од ДУИ, додека другиот дел предводен од сегашниот министер за здравство Арбен Таравари беше дел од коалицијата Вреди, и стана дел од владејачкото мнозинство. ев/ цр/

Остани поврзан