• недела, 24 ноември 2024

Четврто издание на Фестивалот за класичен балет и модерен танц на Детскиот културен центар – Карпош

Четврто издание на Фестивалот за класичен балет и модерен танц на Детскиот културен центар – Карпош

Скопје, 7 јуни 2024 (МИА) - Четвртото по ред издание на Фестивалот за класичен балет и модерен танц денеска и утре ќе се одржи во организација на Детскиот културен центар – Карпош, со поддршка на Град Скопје и на Министерството за култура.

Фестивалот, според директорката на установата Билјана Лалчевска Серафимовска, е единствен од ваков тип во државата, кој е референтна точка за сите вљубеници во балестката уметност и современиот танц.

- Две фестивалски вечери посветени на танцот. Извонредни и талентирани танчери, балерини, уметници... Спој на луѓе кои живеат и придонеле за македонската танцова уметност и оние кои ќе бидат иднината на танцовата уметност, најавува Лалчевска Серафимовска.

Награда за животно дело годинава ќе и биде доделена на професорката Елисавета Кушовска, а во нејзина чест ќе бидат одржани неколку изведби од некогашните нејзини ученици - денешни солисти, првенци во НОБ.

Втората фестивалска вечер, ќе се отвори со балетската секција на Детскиот културен центар -Карпош, а ќе учествуваат балерините при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј”, Б.С Балерина и Денс Студио МАК од Куманово.

- Наша е честа, оваа година да имаме гости од Турција и Иран кои ќе се претстават со свои изведби. Учество на фестивалот ќе земе и неколкукратниот светски првак во современ танц Анди Исмаили, а фестивалот ќе му додели благодарница и статуетка за млад и талентиран уметник, изјави уметничкиот директор на фестивалот Маја Каревски.

Статуетките се изработени од M Аrt Gallery, а како поддржувачи годинава се и Mayo store, како и учениците од СУГС. Димитар Влахов. вг/бак/

Фото: Детски културен центар – Карпош

Остани поврзан