• четврток, 26 декември 2024

Традиционална средба на превозници

Традиционална средба на превозници

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи традиционална средба на превозници, информираат од Асоцијацијата Макам-транс. 

Оваа година настанот е предвиден како манифестација од повеќе активности, но основата е претстојната апликација за годишни ЕКМТ дозволи за 2025 година.

Традиционално, како што информираат организаторите, ќе има и мини саем на кој ќе се претстават ВИП членките и соработниците кои ќе ги презентираат своите услуги и производи кои се неопходни за вршење на дејноста.

На настанот, според организатоите, ќе се обратат Биљана Муратовска, генерален секретар на Асоцијација Макам-транс, Александар Николоски, министер за транспорт и Бобан Николовски, директор на Царинска Управа. сст/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан