• среда, 25 декември 2024

Форум: Стратегии за соработка во одржливо мобилизирање на ресурсите и децентрализација

Форум: Стратегии за соработка во одржливо мобилизирање на ресурсите и децентрализација

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) - Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите денеска ќе биде домаќин на годишниот лидерски форум: Стратегии за соработка во одржливо мобилизирање на ресурсите и децентрализација.

На форумот, како што е најавено, ќе се обратат заменик-амбасадорката на САД Никол Варнс, министерот за локална самоуправа Златко Перински, заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски и Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода. 

Учесниците на форумот ќе дискутираат за стратегии за зголемување на општинските приходи, унапредување на процесот на децентрализација и подобрување на транспарентност и отчетност на локалната самоуправа. 

Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите е петгодишен проект (2021-2026), кој им помага на единиците на локалните самоуправи  во Северна Македонија да ги соберат и самостојно да управуваат со ресурсите потребни за финансирање на услугите што ги бараат нејзините граѓани. мд/нд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан