• вторник, 16 декември 2025

Утрото студено, преку ден сончево со мала облачност

Утрото студено, преку ден сончево со мала облачност

Скопје, 10 јануари 2024 (МИА) - Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Од УХМР соопштија дека ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -3, а максималната ќе достигне од -1 до 8 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 3 степени.

Од УХМР посочуваат дека во наредните денови следува период на стабилно и постудено време со ниски утрински температури. Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан