• петок, 27 декември 2024

Унапредување на регионалната соработка: Патот кон Заеднички регионален пазар и ЕУ интеграција на Западниот Балкан

Унапредување на регионалната соработка: Патот кон Заеднички регионален пазар и ЕУ интеграција на Западниот Балкан

Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) - Во „Европска куќа“ во Скопје денеска ќе се одржи настанот „Унапредување на регионалната соработка: Патот кон Заеднички регионален пазар и ЕУ интеграција на Западниот Балкан“, во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ).

Како што соопштија организаторите, настанот е дел од серијата настани кои ќе се одржат од 17 до 24 октомври во секој од главните градови на Западниот Балкан во организација на CDI и партнерските организации.

На овој настан ќе се дискутираат заклучоците од Самитот на Берлинскиот процес, вклучително и новиот акциски план за Заедничкиот регионален пазар, а ќе се дискутира и односот меѓу ЗРП и Планот за раст, обезбедувајќи основа за идната работа.бт/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан