• недела, 24 ноември 2024

Трибина и филм за менталното здравје во КСП Центар-Јадро

Трибина и филм за менталното здравје во КСП Центар-Јадро

Скопје, 13 мај 2924 (МИА) - Во КСП Центар-Јадро вечер од 20 часот ќе биде прикажан документарниот филм „Беласица“ (2023) на режисерката Марија Апчевска и ќе се одржи трибина на тема: „Процеси, терапевтски практики и грижа во и вон институциите за ментално здравје“.

На трибината ќе учествуваат Ѓорѓе Хаџи-Анѓелковски, психијатар, кој промовира нови решенија за третман на менталните растројства и промотор на процесите за деинстуционализација, Анче Каевска - професор, гешталт терапевт и долгогодишен реализатор на гешталт работилници и Јасмина Лукановска, специјален едукатор и рехабилитатор, арт окупационен терапевт со долгогодишно искуство во работа со деца со попреченост.

Како што информира КСП Центар-Јадро, филмот „Беласица“ го следи и го доловува богатото секојдневие на живеењето во заедница, за луѓето кои најголемиот дел од својот живот го поминале во институции.

Овој проект се реализирал од јануари до мај во рамки на програмата Артс хаб на КСП Центар-Јадро, со  финансика поддршка на Фондацијата Отворено општество - Македонија. хс/лв/

Фото: КСП Центар-Јадро 

Остани поврзан