• четврток, 26 декември 2024

Трибина за заштита на биодиверзитетот на Шар Планина

Трибина за заштита на биодиверзитетот на Шар Планина

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - Втората трибина од проектот „Заштита на биодиверзитетот на флората и фауната на Шар Планината – општествен императив“ што го реализира Здружението за култура и уметност „Традита“ – Тетово ќе се одржи денеска во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Теарце.

Според агендата, настанот ќе започне во 11:30 часот со обраќање на Селам Сулејмани, претседател на „Традита“ кој ќе го презентира проектот и важноста од неговата имплементација во Полошкиот регион, односно во општините Теарце, Тетово и Боговиње.

Потоа, Агрон Салихи ќе одржи предавање на тема „Заштита на биодиверзитетот на флората и фауната во Шар Планината – општествен императив“, по што ќе следува дискусија.

Настанот е поддржан од ЦНВП – Организација за поврзување на природните вредности и луѓето, во рамки на проектот „Трајно користење на природните ресурси за меѓугранична социо-економска соработка во заштитените подрачја во Албанија и Северот Македонија“. ар/бак/


Фото: МИА архива

Остани поврзан