• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Трета меѓународна конференција за заштита на реките на Југоисточна Европа

Трета меѓународна конференција за заштита на реките на Југоисточна Европа

Скопје, 9 април 2025 (МИА) - Во организација на меѓународната организација „The Nature Conservancy“ и Еко-свест, денеска во Скопје ќе се одржи третата Меѓународна конференција за заштита на реките на Југоисточна Европа.

Конференцијата е во рамки на регионалната иницијатива „Заедно за реките“, а ќе присуствуваат претставници на граѓански организации, локални заедници, институции и академски заедници од целиот регион. Тие ќе разговараат за клучните прашања за заштита на реките, ќе разменат искуства и ќе презентираат успешни примери од нивната работа.

Пред почетокот предвидена е прес-конференцијата на која ќе се обратат претставници на Државниот инспекторат за животна средина, меѓународната организацијата „The Nature Conservancy“ и Еко-свест. мч/бак/

Фото: Еко-свест

 

Остани поврзан