• среда, 25 декември 2024

Судскиот совет денеска ќе расправа по претставки и поплаки од граѓани и правни лица за работата на судиите

Судскиот совет денеска ќе расправа по претставки и поплаки од граѓани и правни лица за работата на судиите

Скопје, 22 јули 2024 (МИА) – Судскиот совет денеска со почеток од 13 часот ќе ја одржи 493. седница на која има осум точки на дневен ред.

Меѓудругото, Советот ќе расправа по претставки и поплаки од граѓани и правни лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, по извештаите за констатирана состојба по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, по барање за надомест за одвоен живот на член на Судскиот совет, по барање на судија за јавност на расправата во постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, како и по известувања за утврдена фактичка состојба по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд. ра/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан