• недела, 28 јули 2024

Студено утро, преку денот сончево со слаб ветер

Студено утро,  преку денот сончево со слаб ветер

Скопје, 7 октомври 2023 (МИА) - Наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од три до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до осум, а максималната ќе достигне до 26 степени.

УХМР информира дека следува период на стабилно и релативно топло време. В недела попладне и во понеделник облачноста ќе се зголеми, ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за пет до седум степени.

Од вторник температурата повторно ќе биде во постепен пораст. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан