• четврток, 26 декември 2024

Стручни тимови од ЦСР Скопје во општина Шуто Оризари

Стручни тимови од ЦСР Скопје во општина Шуто Оризари

Скопје, 13 декември 2023 (МИА) - Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа на град Скопје во соработка со општините организира отворени денови со граѓаните на град Скопје и приградските општини на Скопје кои користат услуги од социјална свера од ЦСР, за појаснување на правата и услугите на граѓаните за социјални прашања.

Стручните тимови од ЦСР Скопје, соопштија од Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа на град Скопје, денеска ќе претстојуваат во општина Шуто Оризари во салата на советот на општината од 10 до 14 часот.

Од ЦСР Скопје ги повикуваат сите граѓани на општина Шуто Оризари кои имаат потреба од било кој вид на социјална поддршка да се обратат во општина Шуто Оризари на отворениот ден за граѓаните.

Отворените денови ќе се реализираат до крајот на 2023 година во просториите на општините каде ЈУ МЦСР има свои подрачни единици и тоа: Општина Бутел, Општина Кисела Вода, Општина Карпош, Општина Чаир, Општина Аеродром, Општина Центар, Општина Шуто Оризари,Општина Гази Баба, како и општините Петровец, Илинден, Зелениково, Студеничани, Арачиново, Сопиште, Сарај и Чучер Сандево.

- На ваквите средби граѓаните ќе можат директно да се информираат за своите права поврзани со социјалните прашања, а ќе им бидат презентирани и социјалните услуги кои можат да ги користат според Законот за Социјална заштите, законот за Детска заштита и други позитивни законски прописи на РСМ, се појаснува во соопштението од  Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа на град Скопје. цр/са/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан