Сто години надреализам со академик Влада Урошевиќ и Лидија Капушевска-Дракулевска
- Во галеријата „Метаноја“ вечер ќе се одржи настанот „Сто години надреализам“, на кој ќе се обратат академик Влада Урошевиќ и професорката Лидија Капушевска-Дракулевска.

Скопје, 24 февруари 2025 (МИА) - Во галеријата „Метаноја“ вечер ќе се одржи настанот „Сто години надреализам“, на кој ќе се обратат академик Влада Урошевиќ и професорката Лидија Капушевска-Дракулевска.
Поводот на настанот е осврт на стогодишнината од почетоците на надреализмот во 1924 година. Своите излагања академик Урошевиќ и Kапушевска-Дракулевска ќе ги засноваат врз нивната заедничка книга „Птици во аквариум: надреализам 1924 ‒ 2024“.
Посетителите ќе можат да ја погледнат и изложбата „Метафора - Жито, какол и парчиња стакло“ на Марко Трпески. мд/са/
Фото: постер