• сабота, 23 ноември 2024

Симпозиум „Иднината на дигиталните иновации – симпозиум за соработка со академијата и индустријата“

Симпозиум „Иднината на дигиталните иновации – симпозиум за соработка со академијата и индустријата“

Скопје, 2 октомври 2024 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски ќе има воведно обраќање на денешнпто отварањето на настанот „Иднината на дигиталните иновации – симпозиум за соработка со академијата и индустријата“. 

Овој настан, како што соопштуваат организаторите, се одржува во рамки на Дигиталниот центар за иновации во Р.С. Македонија – ДигитМак, со што ќе започне и неговата работа.

По отворањето на овој симпозиум, предвидени се изјави на министерот Андоновски, координаторот на Дигитмак и заменик-декан на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Петре Ламески, и координаторот на Бизнис акцелератор УКИМ и заменик-национален координатор на Европскиот институт за иновации и технологија (ЕИТ) Никола Огненовски. 

Во текот на одржувањето на симпозиумот водечки експерти, едукатори и индустриски професионалци ќе говорат за потребната соработка помеѓу академските институции и индустриските лидери.

-Имено, истата е од суштинско значење за поттикнување на иновациите и развој на работна сила опремена со вештини потребни за иднината. Овој симпозиум ќе обезбеди платформа за учесниците да разговараат за најдобрите практики, да споделат сознанија и да воспостават партнерства кои ќе ги подобрат образовните процеси и ќе промовираат одржлив економски раст, велат организаторите на настанот.

Во текот на симпозиумот, ќе има можности за брзи состаноци фокусирани на услугите на центарот, вклучувајќи проценка на иновациите, образование и обука, дигитализација и дигитални услуги, како и пристап до финансии.

На симпозиумот гостите ќе имаат можност да се запознаат со можностите и програмите на Европскиот институт за иновации и технологии (ЕИТ), Европската банка за обнова и развој, Европска мрежа на претприемништво на Северна Македонија – ЕЕНОМА, Мрежата на универзитети од главните градови во Европа (УНИКА), како и Центар за процесирање со високи перформанси на Северна Македонија.

Новиот дигитален центар за иновации ДигитМак ќе нуди можности за зајакнување на дигиталната подготвеност и капацитет во бизнисите и јавните организации. Тој е основан од конзорциум на четири партнерски институции, секоја од нив со соодветна експертиза во услугите за поддршка на дигиталната трансформација, вклучително и основната инфраструктура. Основачите се Универзитетот Св Кирил и Методиј Скопје, Стопанска комора на Република Северна Македонија, Бизнис акцелератор УКИМ, како и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување. 

Центарот во следниве години треба да придонесува кон подобрување на дигиталната трансформација, одржливост, раст, продуктивност и конкурентност на приватните и јавните субјекти во државава. сст/aa/

фото МИА архива

 

 

 

Остани поврзан